ПОВЕЌЕ

    Едукативен настан на Берзата за подобрување на финансиската писменост

    Време зa читање: < 1 минутa

    На 26 октомври, во пресрет на светскиот ден на штедењето во просториите на Македонска берза АД Скопје се одржа едукативен настан на тема „Заштеди и инвестирај за подобра иднина“ во организација на Берзата и Капитал Финансиски центар.

    Посетителите на овој настан, покрај начините на управување со личните и семејни буџети, беа запознаени со улогата и начинот на функционирање на Берзата, односно на останатите институции на македонскиот пазар на хартии од вредност.

    Ваквите едукативни настани се организираат во рамките на заложбите на Берзата за доближување и популаризирање на инвестирањето во хартии од вредност кај што поширок круг на заинтересирани лица и зголемување на финансиската писменост во општеството.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично