Целта на ДУИ е стабилна држава и затоа како партија инсистираме на евроинтеграциите, вели потпретседателот на ДУИ и поранешен директор на државната НОМАГАС, Бајрам Реџепи, за поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според него, во институциите нема да има бел штрајк од поддржувачите на ДУИ, нема да има демонстрации и подгревање на етничките тензии. Вели и дека со години се води црна кампања против неговата партија со цел да се прикаже дека работи спротивно на интересите на државава.
„Ќе ја дестабилизирате ли државава? Се најавува сега ќе ја дестабилизирате, дека првиот бран успешно бил спречен, сега се очекува втор бран од вас за да ја дестабилизирате. Што ќе правите во иднина? Се помиривте ли дека ќе бидете опозиција?
Вака. Зборот дестабилизација јас немам слушнато апсолутно од никој чинител во ДУИ. Еве, ако знаете вие некој што кажал, поправете ме. Јас го немам слушнато. Учествував на сите можни состаноци во ДУИ, ниту го имам забележано дека има таква тенденција.
Но да ја блокирате државата. Вашите членови „бел штрајк“ да прават, да се излезе на протести.
Напротив. Ние помагаме сѐ што можеме за државата. Но, еве да го поставиме поинаку прашањето. Кој има интерес тоа да го направи?
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.