Во новата епизода на поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија предлага елегантно решение за пензионерите. Според него, дозволувањето пензионери да работат додека ја задржуваат својата пензија, без да имаат дополнителни оптоварувања, е одличен начин за решавање на проблемот. Тој наведува дека во Македонија ако пензионер работи, мора да ја стави пензијата во мирување, но додава дека во други земји како Хрватска ова е дозволено.
„Во Хрватска пензионер може да работи до четири часа дневно и да ја задржи пензијата“, вели Димитров.
Но, што мисли Слободан Трендафилов од ССМ?
Трендафилов има поинакво гледиште: „Ги избркавме овие младите продуктивни работници од Македонија за денес да предлагаме мерки на повозрасните работници кои си го изработиле со својот животен век, да ги вратиме повторно во работниот процес и да ни бидат не знам колку продуктивни…“
Инаку за пензите, само да ви кажам, има едно многу елегантно решение кое не бара ниту додатни пари, ниту оптоварувања, а тоа да дозволат пензионерите да работат слободно, со задржување на својата пензија.
Бидејќи во овој момент во Македонија, ако инспекција ви фати ваш пензионер кој работи, ќе ви рече не, мора да ја стави пензијата во мирување и да продолжи да плаќат придонеси. Тогаш тој се откажува. За разлика од кај нас, во други држави, да речеме во Хрватска сега пред неколку месеци тоа го измени, дозволуваат на пензионерот да работи плус 4 часа во денот, но не му се стопира пензијата. Значи има некоја можност.
Или полаработно време, или да работи за договор за делот да плаќа само персонален данок, се разбира, тоа би било доброволно ако пензионерот сака. Но во овој момент, во Македонија има најстроги закони во однос на пензионерите….
Ги избркавме овие младите продуктивни работници од Македонија за денес да предлагаме мерки на повозрастните работници кои си го изработиле со својот животен век, да ги вракиме повторно во работниот процес и да ни бидат не знам колку ќе бидат продуктивни….
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.