ПОВЕЌЕ

    Големите технолошки компании имаат преголема моќ, рече Мег Витман

    Време зa читање: 3 минути

    Во ново објавеното интервју, снимено на 7 април, извршниот директор на Quibi, Мег Витман ги повика технолошките гиганти и нивните менаџери да превземат поголема одговорност пред јавноста што доаѓа со економската моќ што ја командуваат и централната улога што ја играат во секојдневниот живот на Американците.

    „Лидерите на тие компании и нивната култура треба да бидат внимателни кон јавната доверба што ја имаат“, вели Витман, која порано работеше како извршен директор во HP и Ebay.

    Од избувнувањето на коронавирусот, Амазон најави ангажирање на стотици илјади работници за да се задоволи со зголемената побарувачка за испорака. Главно станува збор за нарачка на основни производи од страна на потрошувачи кои не се спремни да ја напуштат куќата. Во меѓувреме, платформата за социјални мрежи „ Фејсбук“ забележа широк пораст, а јавноста беше главно информирана преку Гугл.

    Таа наведе специфични проблеми со кои се соочуваат Amazon, Facebook и Google додека растат.

    • Има дезинформација што треба да се разгледа, кога станува збор за Facebook
    • Има голема моќност на пазарот на Амазон
    • Има удел на пазарот на Гугл во однос на услугата и има цела низа на проблеми“

    Витман додаде дека не верува дека големите технолошки фирми треба да бидат расцепкани, наведувајќи ја веројатноста за upstart компании кои ќе се натпреваруваат со актуелните брендови.

    „Јас веројатно не би била во корист да ги растурам овие компании“, вели таа. „Мислам дека ќе има нови конкуренти. Можеби ќе потрае уште неколку години, но мислам дека ќе има нови конкуренти кои ќе направат нешто подобро отколку што воспоставени играчи тоа го прават “.

    Загриженоста за монополот околу технолошките гиганти во Вашингтон се формираше минатата година, кога во јуни Министерството за правда и Федералната комисија за трговија, наводно се согласиле да ја превземат одговорноста за истрагата на секоја од најголемите четири технолошки компании. Министерството за правда ќе ги испита Google и Apple, додека Федералната комисија за трговија ќе ги испита Facebook и Amazon.

    Американската куќа, исто така минатата година, отвори широка истрага за пазарната моќ на големите технолошки компании. На расправата поврзана со истрагата во Јануари, директори од мали технолошки компании ги обвинија нивните поголеми врсници – Гугл, Епл, Амазон и Фејсбук – за неправедно вршење контрола врз секторот.

    Витман ги пофали расправите во Конгресот, но рече дека големата технологија претставува предизвик за пратениците.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично