
Во месецот на штедење, октомври, реализирани се четири посети од вкупно 115 ученици заедно со нивните наставници и професори и тоа од СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје, СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ -Скопје. Предавањата беа на теми: „Да се запознаеме со Народната банка“, „Платежни инструменти / Современи начини на плаќање“ и „Лични финансии“.

Воедно беше посетена и музејската изложба со наслов „Вредности и вредности“ во Музејот на Народната банка. Оваа изложба е посветена на културното и уметничко наследство претставено на тековното издание на македонските банкноти и претставува ретка можност, учениците одблиску да се запознаат со исклучителното културно наследство на нашата држава, како што е тетовската Менада, охридската златна маска, архангелот од Курбиново, златните обетки-гулабици и др.

Народната банка ги повикува сите заинтересирани основни и средни училишта за посета на институцијата и за предавања од финансиска едукација, да побараат повеќе информации на https://www.nbrm.mk/finansiska-edukacija.nspx
Аналитика








