ПОВЕЌЕ

    Генерали инвестментс – Без влезни провизии за сите уплати до крајот на март

    Време зa читање: 2 минути

    Генерали инвестмент им нуди на клиентите да вложуваат во отворените инвестициски фондови кои ги управува без влезни провизии и тоа до крајот на март оваа година. Од компанијата информираат дека тоа ќе важи за сите нови, но и за постојните вложувачи кои ќе извршат нова уплата или ќе склучат програмиран план со дефиниран износ.

    „Ги поздравуваме сите наши постојни и нови вложувачи кои ќе извршат еднократни уплати или ќе склучат програмиран план со дефиниран износ – Тип 1 за уплати во отворените инвестициски фондови Генерали БРИК, Генерали Нова ЕУ, Генерали Топ Брендови во периодот  до 23:59:59 часот на 31.03.2020 сo ослободување од плаќање на влезен надоместок.велат од Генерали Инвестментс.

    За каков тип на влогови се однесува промоцијата?

    Оваа поволност се однесува за секоја еднократна уплата и уплати од програмиран план – тип 1.

    Понудата трае до 31 март 2020 година.

    Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично