Гаси возило, ново поскапување на горивата!

Време зa читање: < 1 минутa

Ново поскапување на цените на горивата најави Регулаторната комисија за енергетика, а истите ќе стапат на сила од полноќ.

Просечното поскапување на сите нафтени деривати е 1,91%, а тоа значи повисоки цени по литар за бензините и дизелот.

ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат за 1,5 денар по литар и новите цени ќе бидат 71, односно 73 денари.

Дизелот поскапува за 1 денар, што значи дека новата цена од полноќ ќе биде 63 денари.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично