По една година пауза поради Covid-пандемијата, изминатиот викенд се одржа 20-от традиционален аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово, на кој скијачи од бројни македонски компании преку своето учество годинава обезбедија финансиска поддршка за параолимпијците од земјава.
За Комерцијална банка скијаа шестмина вработени во два тима, кои ги промовираа своите лични и корпоративни вредности на Банката за поддршка на хумани цели.
Преку хуманитарниот велеслалом годинава беа собрани 11.500 евра од котизации, кои беа донирани на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди – Параолимписки комитет на Северна Македонија, спортска, доброволна, општествено-хуманитарна организација, формирана 1965 година, чија основна цел е да ги развива, креира, обединува и репрезентира спортско-рекреативните активности на сите инвалидизирани лица во земјава. Собраните парични средства ќе бидат наменети за учество на Меѓународни натпревари за лица со инвалидитет и за промовирање на принципот „ништо за нив – без нив“.