ПОВЕЌЕ

    Во периодот јануари-јуни помалку договорени и извршени градежни работи во странство

    Време зa читање: < 1 минутa

    Државниот завод за статистика објави дека во периодот јануари-јуни е помала вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство.

    Според објавените податоци, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесувала 129.704 илјади денари, што е за 17,3 проценти помалку во однос на истиот период лани.

    Во овој временски период, градежната оператива од земјава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 67.122 илјади денари што е за 16,9 проценти помалку во споредба лани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично