ПОВЕЌЕ

    Во осум најголеми маркети ланскиот вкупен профит е 25 милиони евра, НО ТОА Е ПОМАЛКУ ОД ПРЕКЛАНИ

    Време зa читање: 2 минути

    Инфлацијата иако статистички забавува, таа се уште е на високо ниво и во август беше утврден раст на трошоците за живот од 8,3% во однос на ланскиот август. Дополнителен удар на животниот стандард е што последниве недели се заблежа нов бран на раст на цените, по што Владата најави замрзнување на цените на 50 производи. На прес конференцијата на која се најави оваа мерка, министерот за економија Крешник Бектеши револтирано изјави дека и производителите и трговците неоправдано ги зголемуваат цените, при што посочи дека трговските ланци не само што не ги намалиле добивките, туку и ги зголемиле.

    Пари, потсетува на аналзата на приходите и добивките што ги направи за најголемите трговски маркети, а која се однесува на 2022 година. Во осум синџири каде што најмногу се пазарува граѓаните оставиле 880 милиони евра, а нивната вкупна нето-добивка била 25 милиони евра. Во 2021 година прометот во истите трговски синџири бил 750 милиони евра, а нето добивката околу 30 милиони евра.

    За тоа какви се ланските приходи и добивки на: Веро, Кам, Стокомак, Киппер, Кит-го,  Рамстор,  Тинекс и Жито – Порталот „Пари“ ве потестува на неодамна направената анализа:  http://pari.com.mk/pari-otkriva-vo-8-trgovski-sindziri-gragjanite-ostavile-800-milioni-evra-kolku-ostanalo-za-gazdite/

    ВЕРО ЛАНИ НАПРАВИЛ ПРОФИТ ОД НАД 9 МИЛИОНИ ЕВРА, КАМ РЕЧИСИ 5 – Како работеле другите?

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично