ПОВЕЌЕ

    Вкупниот промет на Македонска берза порасна за 228% во однос на мај 2021 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскa берза за периодот 01.06 – 30.06.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.549.452.344 денари и е зголемен за 227,67 отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 538.444.769 денари и е зголемено во однос на мај за 37,48 отсто кога изнесувало 391.653.595 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 478.038.439 денари и обврзници во вредност од 60.406.330 денари.

    Блок трансакциите во јуни изнесувале 1.011.007.575 денари и се зголемени за 1144,77 отсто во однос на мај.

    Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.411 и е намален за 7,35 отсто во однос на мај кога изнесувал 1.523.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни се на Македонски Телеком АД Скопје, следи Комерцијална банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

    Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Македонски Телеком Скопје со 388.528 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 349,49 денари.

    Месечниот статистички билтен за јуни 2021 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично