ПОВЕЌЕ

    Вкупниот промет на Македонска берза изнесувал 472.874.001 денари во месец мај

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2021 година вкупниот промет изнесувал 472.874.001 денари и е намален за 31,12 отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 391.653.595 денари и е намалено во однос на април за 26,14 отсто кога изнесувало 530.254.240 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 386.785.791 денари и обврзници во вредност од 4.867.804 денари.

    Блок трансакциите во мај изнесувале 81.220.406 денари и се намалени за 48,04 отсто во однос на април.

    Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.523 и е намален за 9,40 отсто во однос на април кога изнесувал 1.681.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

    Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Макстил Скопје со 47.082 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 91,27 денари.

    Месечниот статистички билтен за мај 2021 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично