ПОВЕЌЕ

    Високи приливи од дивиденди во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво

    Време зa читање: 2 минути

     

    Сава пензиско друштво ги информира своите ценети членови и пензионирани членови, дека во периодот од 26.06.2022 – 10.07.2022 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаa приливи од камати во износ од 8.341.660,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 11.097.740,00 денари.

    Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

    –      97.896,21 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;

    –      4.706,53 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд INVESCO GLOBAL WATER ETF;

    –      34.680,25 САД долари, од инвестираните средства во компанијата SHELL PLC;

    –      1.828.500,00 денари, од инвестираните средства во компанијата ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД ПРИЛЕП и

    –      13.860,06 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF.

    Во периодот од 26.06.2022 – 10.07.2022 година на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигна прилив од камати во износ од 230.583.361,00 денари по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 413.825,00 денари.

    Во истиот период на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигна прилив од дивиденда во износ од:

    –      3.145,75 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;

    –      143,77 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд INVESCO GLOBAL WATER ETF;

    –      1.251,75 САД долари, од инвестираните средства во компанијата SHELL PLC;

    –      442.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД ПРИЛЕП и

    –      391,50 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF.

    Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на висината на пензиските заштеди.

    Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2022/

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично