ПОВЕЌЕ

    „Блек рок“: Во тек е ‘инвестициски бум‘!

    Време зa читање: 2 минути

    Настаните во Украина „ќе ја забрзаат транзицијата кон позелени извори на енергија во многу делови од светот на долг рок“

    „Инвестицискиот бум“ е во тек, бидејќи војната во Украина ги принудува земјите да ја преиспитаат нивната енергетска зависност и да ја забрзаат транзицијата кон позелени извори на енергија, вели Лери Финк, извршен директор и претседател на најголемата инвестициска компанија која управува со имот, BlackRock.

    Во разговор со аналитичари во кој Фајненшл тајмс имаше увид, тој укажа на значајна и долгорочна можност за инвеститорите да инвестираат во инфраструктура, обновливи извори на енергија и чиста технологија. Според него, неодамнешните настани во Украина „ќе ја забрзаат транзицијата кон позелени извори на енергија и во многу делови од светот на долг рок“.

    „Тоа ќе биде одлична можност и инвестиција која ќе трае неколку години“, рече тој.
    Доказ за тоа има во бројки. BlackRock генерира 114 милијарди долари нето-приливи во кварталот, надминувајќи ја прогнозата на аналитичарите од 96 милијарди долари, пренесува Бонитет.

    Сепак, кризата во Украина го погоди и најголемиот светски фонд за управување со средства. Минатиот месец тие рекоа дека изгубиле околу 17 милијарди долари на нивните руски хартии од вредност. Затворените пазари и санкциите ширум светот воведени откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина, оставија огромно мнозинство од руските средства неуспешни за продажба, принудувајќи ја групата да ја намали нивната вредност.

    Во разговор со аналитичарите, Финк го повтори своето претходно предупредување дека руската инвазија на Украина „фундаментално ќе го промени патот на глобализацијата забележан во последните 30 години“ и дополнително ќе ја стимулира инфлацијата потикнувајќи ги компаниите да се повлечат од нивните глобални синџири на снабдување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично