ПОВЕЌЕ

    Аутомакедонија со раст на добивката од речиси 200 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    ГРУПАЦИЈАТА АУТОМАКЕДОНИЈА во првиот квартал од 2021 година (01.01.2021 – 31.03.2021) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 4,4 милиони денари, пораст од 190% во однос на 2020 година.

    Истата е резултат на оперативното работење, согледано преку остварената оперативна добивка во износ од 5.9 милиони денари (во 2020 г. за истиот период остварена е оперативна добивка од 2.76 милиони денари).

    Ова е резултат на зголемени приходи од продажба за 40% во однос на 2020 година, во најдиректна поврзаност со зголемена продажба на автобуси во периодот.

    Следствено и набавната вредност на продадени производи ја следи динамиката на приходите, додека сите останати трошоци на работењето се намалени за 4% во споредба со минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично