ПОВЕЌЕ

    АмЧам ги зајакнува трговските односи на Македонија и Грција

    Време зa читање: 2 минути

    Американската Стопанска Комора во Македонија (АмЧам Македонија) во соработка со Американско – Грчката Стопанска Комора (АмЧам Грција) и со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина, ја организираат својата прва трговска мисија на компании од Република Грција во Република Македонија.

    Трговската мисија ќе се одржи на 21 и 22 март во хотелот „Double Tree by Hilton Skopje“, а целта е да се претстават можностите за инвестирање во нашата држава, како и да се воспостави деловна соработка помеѓу домашните компании со компании од соседна Грција.

    Во текот на првиот ден ќе бидат претставени можностите за инвестирање кои Владата на Македонија ги нуди за странските и домашните инвеститори, додека вториот ден ќе бидат организирани директни средби помеѓу компании од Грција и Северна Македонија кои дејствуваат во индустриските сектори: агротехнологија, логистика, производство, технологија и иновации, енергетика, туризам, градежништво и инфраструктура.  Во рамки на настанот ќе бидат посетени и две компании, странски инвестиции, од Грција и од САД.

    Градењето одржливи партнерства и можности за соработка е во основата на функционирањето на АмЧам организациите ширум светот и иницијативите од овој вид се главен приоритет на АмЧам Македонија во изградбата на подобар деловен екосистем за нашата земја“ – вели г-дин Драган Давитков, претседател на Бордот на директори на АмЧам Македонија во пресрет на одржувањето на трговската мисија.

    Трговската мисија следува после билатералниот состанок на АмЧам Македонија и АмЧам Грција, кој во септември минатата година беше одржан во Солун во рамки на Енергетскиот форум на Југоисточна Европа, кога беа поставени и рамките за засилена билатерална економска соработка што ќе вклучува иницијативи за зголемени трговски релации и унапредена деловна соработка помеѓу Грција и Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично