ПОВЕЌЕ

    Америка избегна банкрот, се задолжува со уште 480 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот Сенат вчера усвои закон за привремено зголемување на лимитот на задолжување над сегашниот законски лимит од 28,4 милијарди долари.

    Ова го избегнува ризикот од историски банкрот овој месец.

    Сепак, Сенатот ја одложи одлуката за подолготраен правен лек до почетокот на декември, пренесува Ројтерс.

    Сенатот го усвои законот со 50 гласови „за“ и 48 „против“, по неколкунеделни партиски несогласувања.

    Предлог-законот што го усвои Сенатот сега оди во Претставничкиот дом, кој треба да биде одобрен за да се потпише со претседателот о Бајден.

    Претставничкиот дом ќе гласа за законот во вторник, изјави шефот на демократското мнозинство во тој дом, Стени Хојер.

    Зголемувањето на лимитот за задолжување од 480 милијарди долари, со што лимитот на долгот ќе се зголеми на 28,9 трилиони долари, се очекува да биде исцрпено до 3 декември, истиот ден кога истекува финансирањето на повеќето федерални програми според мерката усвоена претходно овој месец, после уште еден партиски конфликт

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично