По успешните долгогодишни излагања на глобалниот Саем на фармацевтската индустрија CPHI Worldwide, Алкалоид АД Скопје и оваа година беше дел од овој глобален настан.
Тимот на Алкалоид АД Скопје повторно со свој штанд се претстави на престижниот интернационален Саем CPHI Worldwide 2022, кој се одржа од 1 до 3 ноември во Франкфурт и кој беше одлична можност за состаноци со експерти од секој домен на фармацевтската индустрија.
Како реномирана и интернационално ориентирана компанија, Алкалоид на овој саем ја зајакнува соработката со клиенти низ светот, реализирајќи тет а тет средби со постојни лиценцни партнери, добавувачи на супстанции и со дистрибутери, како и со други клиенти кои оперираат во областа на фармацијата.
Во исто време се остваруваат и средби со нови контакти кои имаат потенцијал да прераснат во успешни идни партнерства.