Според новото истражување на „Авалок“, автоматизацијата е клучна за финансиските услуги.
Од испитаните професионалци во банкарството, 55% ја сметаат вештачката интелигенција, автоматизација и роботиката како витален дел од иднината на финансиските услуги.
Голем број на ФинТек компании чекаат да го автоматизираат својот бизнис. Студијата за автоматизација, спроведена од ФинТек фирмата „Авалок“ исто така откри дека зголемената употреба на отвореност, пристапност и транспарентност, како и платформите за соработка и дистрибуција на повеќе технологии и криптовалутите, може да играат голема улога во напредувањето на финансиските услуги.
Што се однесува до тоа што во моментов помага во дигиталната трансформација во финансиските услуги, учесниците го наведоа следното:
- Усогласеност според регулативите за ажурирање
- Подобрени искуства на клиентите
- Подобрена компјутерска безбедност
Мартин Греелдингер, главен офицер на производи во „Авалок“ изјави дека „Дигиталната трансформација на индустријата за финансиски услуги веќе започна, и многу институции имаат значајни придобивки од дигиталните и оперативни модели кои се лоцирани на интернет, како што се BPaaS и Saas.“
Но, јасно е дека пристигнуваат уште поголеми промени, особено во однос на вештачката интелигенција, роботиката и автоматизацијата, кои во комбинација со методологијата за размислување за дизајн, ќе го зајакнат целокупното искуство на клиентите.”
Компаниите за финансиски услуги мора да ја прифатат модерната информатичка инфраструктура. Индустријата за финансиски услуги бргу ја усвојува технологијата во развој за да се натпреварува со останатите интернет играчи од други несродни индустрии.
Во однос на преферираната стратегија за проширување на вештачка интелигенција и автоматизација со цел да се оптимизира услугата, 42% изјавиле дека е потребно да се направи една основна платформа на која што ќе можат да бидат инкорпорирани додатни апликации за надградба.
Како што потврдува истражувањето, за да се остане компетитивен во оваа околина, институциите мора да продолжат да се движат кон димензионирани, високо ефикасни и прилагодливи дигитални платформи кои се склони на брзо менување, адаптација и дигитализирање на пазарот.