Кој и зошто да учи, лани помалку доктори на науки, магистри и специјалисти

Време зa читање: 2 минути

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица што претставува намалување за 14.7 % во споредба со 2019 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 40.8 %, потоа на медицинските науки докторирале 27 %, следат хуманистичките науки со 13.8 %, а останатите лица докторирале во областа на техничкотехнолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Бројот на жените што одбраниле докторска дисертација во текот на 2020 година изнесува 99 што претставува 56.9 % од вкупниот број лица што докторирале во 2020 година.

Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 24.1 %, својата професија ја вршат во образовната дејност.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 758 лица од кои 1 533 или 87.2% се магистри и 225 или 12.8% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2019 годинa, е намален за 8.2%.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2020 година изнесува 58.2%.

Во 2020 година, најголем број од магистерските трудови, 967 или 63%, се од областа на општествените науки, 22% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично