ПОВЕЌЕ

    ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕМА ЕЛИТЕН ТУРИЗАМ? – Љупчо Јаневски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија може да понуди многу повеќе од масовниот туризам со ниски приходи. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Љупчо Јаневски, поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцира дека за вистински развој е неопходно да изградиме брендови, хотелски синџири и услуги кои ќе привлечат квалитетни туристи. Што е неопходно за да преминеме од квантитет во квалитет?

    Не може нашата држава да биде најголем туроператор и да договара  пензионери да ни дојадат во јануари, февруари и март. Да, тоа е одлично да ни дојадат, ама каде ни се скапите гости? Тие одат со скапите хотели, со скапата услуга, со скапото брендирање на дестинацијата и со она што треба да го купат во дестинацијата. Тие се некои работи кои што ние треба да ги развиваме во Охрид. Кога е Скопје во прашање, тој е диеметрално различен. Тој работи во текот на 12 месеци бидејќи е бизнис центар. Ние не можеме да го развиваме Охрид со седум линии годишно. Нас ни треба сериозни чекори кон брендирање на дестинацијата, говорам во континуитет. “

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично