ПОВЕЌЕ

    Зошто банките се конзервативни и велат дека идејата не е доволна – Маја С. Штериева во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Маја С. Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка, детално ја објаснува логиката зад конзервативниот пристап на банките при кредитирањето, пред се на новите компании и стартапите. Таа укажува дека банките не работат со сопствени пари, туку со депозити на граѓани и компании, поради што управувањето со ризикот е клучно. Вели дека има разлика меѓу добра идеја и одржлив бизнис модел, при што го нагласи значењето на капитализацијата, готовинскиот тек и дисциплината во работењето.

    „Но генерално и стартап кога ќе дојде, сепак мора да има некаков почетен свој капитал, така што еден од главните проблеми е капитализираноста и општо на компаниите, но и кај стартапите не е доволно само идејата, доволно е да имате цел систем, условно кажано на тоа како таа идеја ќе ја развиете, каде ќе го продадете производот, дали сте направиле соодветно истражување, да го презентирате тоа.

    До профит како ќе дојде, и кога и како.“

    Да, и кога и како, прво нормално е дека на почетокот нема профит, секогаш е негативен готовинскиот тек првите години, и токму заради тоа постојат програми кои што се поддржани и од државни институции, значи тоа може да биде дел од макрополитиките на една држава…“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично