ПОВЕЌЕ

    Зошто дигитално банкарство? За повеќе слободно време, помалку стрес и помали трошоци

    Време зa читање: 3 минути

    Вашето време е вашата слобода. Веќе не мора да брзате секаде да стигнете и удобноста на домот или на канцеларијата не би ја замениле со ништо. Едноставно влеговте во овој свет на удобности, привилегии и неограничени можности кои ви ги нуди дигиталното банкарство затоа што тој значи повеќе слободно време, помалку стрес и помали трошоци.

    Со дигиталните услуги и апликации на Комерцијална банка вашиот финансиски свет се доближува до вашите специфични желби и потреби, а вашите секојдневни банкарски трансакции стануваат едноставни, брзи, лесни и безбедни. Банката ви нуди современи и повеќефункционални дигитални услуги – Интернет банка, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID, со кои имате сѐ што ви е потребно за да уживате во привилегиите на дигиталниот свет.

    Зошто дигиталното банкарство е толку популарно? Затоа што:

    • Дигиталните банкарски трансакции се поевтини од шалтерските и до 80%, така што на овој начин заштедувате пари.
    • Постапките за увид на сметка или плаќање преку Интернет банка или мБанка се едноставни и брзи со што заштедувате време.
    • Може да вршите плаќања, трансфер на пари, промена на лимити, да купувате и продавате девизи секогаш кога имате потреба од тоа, а тоа ви заштедува непотребен стрес.
    • Немате веќе потреба од трошење хартија и чување документација бидејќи сите ваши плаќања се сочувани и прегледни во вашиот профил на Интернет банка или мБанка, така што сѐ ви е средено и плус сте еколошки одговорни.
    • Вашите лични податоци во банката секогаш се навреме ажурирани благодарение на вашиот електронски идентитет OneID, без потреба да одите на шалтер, така што имате непречен пристап до разни банкарски производи и услуги секогаш кога имате потреба.
    • Не се грижите за безбедноста на вашиот паричник и вашите картички затоа што вашиот мобилен телефон станува вашиот паричник со бесплатната мобилна апликација KomPay.
    • Не е важно дали сте во град или село, на плажа или на планина и дали имате итна или редовна финансиска трансакција, можете да примате и праќате пари во секое време и со еден клик, така што немате непотребни финансиски грижи.

    Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Никогаш немало подобро време за да влезете во светот на привилегиите што ви ги носи дигиталното банкарство затоа што тоа е вистинскиот одговор сѐ побрзиот свет во кој живеете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично