По долги години работа и членување во Одборот за ревизија на Стопанска банка Скопје, професорката Зорица Божиновска Лазаревска заминува од ова тело. Информацијата за оставката ја објавија од Банката.
„Стопанска Банка АД – Скопје информира дека со денешен датум, 28.10.2025 година, г-ѓа Зорица Божиновска Лазаревска поднесе оставка од функцијата независен член на Одборот за ревизија на Банката.
Со своето искуство и експертиза, проф. Божиновска-Лазаревска даде значаен придонес во работата на Одборот за ревизија, а Банката очекува продолжување на ангажманот во насока на унапредување на корпоративното управување во Надзорниот одбор“, наведено е во известувањето.
Таа е долгогодишен член на Одборот за ревизија, каде што од 2006 до 2012 година ја извршувала и претседателската функција.
Божиновска – Лазаревска е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при УКИМ. Со Катедрата, како и со вториот циклус студии на студиската програма сметководство и ревизија раководи од 2013 година.
Аналитика








