ПОВЕЌЕ

    Зоран и Ивана Милковски го зголемија сопственичкиот удел во „Гранит“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Генералниот директор на „Гранит, Зоран Милковски, и претседателката на Надзорниот одбор, Ивана Милковска Симева, го зголемија сопственичкиот удел во ова градежно друштво.

    „Согласно член 34 од правилата за котација известуваме дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје и тоа:

    Зоран Милковски – член на Управен одбор се стекна со 15.417 обични акции

    Ивана Милковска Симева – член на Надзорен одбор се стекна со 10.000 обични акции“, се вели во објавата на Македонска берза.

    Инаку, Управниот одбор на градежната компанија е во состав Страшо Милковски – претседател, Зоран Милковски, Андреа Серафимовски, Венко Зафиров и Катерина Ѓердовска.

    Во Надзорниот одбор се Ивана Милковска, Виолета Божиновска и Горан Марковски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично