ЗОИЛ Македонија АД Битола го смени сопственикот. Познат купувач (или купувачи ако се повеќе) вложил 1,7 милиони евра во 60 илјади акции и со тоа поседува 100 насто од акционерскиот капитал на осигурителното друштво.
За блок-трансакцијата информира Македонска берза. Според објавата, вредноста на пакетот е пресметана по 1.748,03 денари за акција, а вкупниот износ е 104.881.800 денари. Номиналната вредност на осигурителната акција е 50 евра.
Акционерското осигурително друштво е формирано во октомври 2023 година. Податоците од базата на Бизнис мрежа покажуваат дека преклани компанијата остварила приходи од 23,8 милиони денари, при што не се прикажани приливите од 2023 година. Истовремено, расходите значително се зголемиле и достигнале 48,5 милиони денари, што е раст од над 3.000 насто во однос на почетниот период во 2023 година, кога изнесувале 1,5 милиони денари.
Како резултат на ваквото движење, компанијата ја продлабочила загубата, која по оданочување достигнала 24,8 милиони денари (402,6 илјади евра), што претставува зголемување од речиси 1.500 насто. Во структурата на приходите, нето приходите од премија изнесуваат 11,6 милиони денари и учествуваат со околу 48,7 отсто во вкупните приходи од работењето. Во меѓувреме, просечниот број на вработени е зголемен од 10 на 13 лица.
Аналитика








