ПОВЕЌЕ

    Знаењата стекнати надвор од училиште ќе се верификуваат во седум регионални центри

    Време зa читање: 2 минути

    Сите седум регионални центри за стручно образование и обука покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, од денес ќе можат и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација, стекнати преку неформално и искуствено учење.

    Деветнаесет советници за неформално образование и искуствено учење и 20 проценувачи од Регионалните центри за стручно образование и обука во Битола, Тетово, Куманово, Велес, Охрид, Струмица и Штип, успешно ја завршија обуката која изминатиот период беше спроведена од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните и денес во Министерството за образование и наука ги добија сертификатите со кои ќе можат да го валидираат знаењето и вештините на повозрасните граѓани.

    „Ова е уште една потврда за успешното функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука. Во иднина сите граѓани кои ќе сакаат да добијат формален документ за стекнатите знаења и вештини низ годините надвор од училиштет, ќе можат тоа да го сторат во еден од седумте центри. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да им послужи за понатамошно професионално и кариерно напредување“, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

    Оваа новина е утврдена во Законот за образование на возрасните, а освен валидација на неформалното образование, Регионалните центри за стручно образование и обука ќе спроведуваат и процеси на преквалификација и доквалификација на работници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично