ПОВЕЌЕ

    Неколку знаци кои укажуваат дека вашиот шеф е лош за вас

    Време зa читање: 2 минути

    Ако некогаш сте имале лош шеф, не сте сами. Лошото третирање може да предизвика и низа на неочекувани проблеми во текот на животот. Еве неколку начини на кои лошиот шеф може да ве повреди и што можете да направите за тоа.

    Вашиот семеен живот страда

    Дали вашите односи со вашето семејство стануваат потензични? Според истражување на Универзитетот Бајлор од 328 работници, се покажало дека преголем надзор и јавни критики на работното место може да доведе до поголем конфликт дома. Откриле дека ако луѓето се иритирани и психички малтретирани за време на работа, тие веројатно ќе го пренесат тоа на своите партнери и деца.
    За да избегнете внесување на оваа негативна динамика во вашиот личен живот, обидете се свесно да се справите со стресот на поконструктивни начини кон вежбање или наоѓање на хоби кое ќе ве исполнува.

    Лошото однесување е заразно

    Лошото однесување како озборувања, омаловажување позади грб, може да стане нормална практика и на совесните работници доколку културата во компанијата во која работат го наметнува тоа. Во овој случај, страдаат најдобрите. Што можете вие да направите за тоа? Следен пат кога сами ќе се “фатите” како критикувате некој колега пред други, освестете се за тоа и размислете дали тој стил на комуникација ви бил наметнат од страна на колегите. Ганди рекол, “биди промената што сакаш да ја видиш во светот.”

    Креативноста е намалена

    Речиси секое истражување покажува на тоа дека има огромна корелација помеѓу стресот и креативноста. Работењето во стресни услови со негативна енергија речиси никогаш не резултира во креативност од страна на вработените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично