ПОВЕЌЕ

    Златото носи повеќе пари за Русија отколку гасот

    Време зa читање: 2 минути

    За првпат приходите од извозот на златото на Русија  се поголеми отколку средствата што таа ги инкасира од продажбата на природен гас, покажуваат податоците на Сојузната царинска служба и Централната банка.

    Во Аптрил и Мај руските компании продале во странство 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди американски долари.

    Државната компанија „Гаспром“, кој има монопол на испораките на гас, реализирал продажба во изност 2,4 милијарди долари.

    Според, податоците на руската Централна банка, тоа е најмал приоход за овој период уште од 2002 година.

    Аналитичарот Максим Кудалов, кој воедно е на челно на групацијата АКРА, за процена на одржливоста на ризиокот, вели дека ситуацијата во којашто приходите од извозот на злато се поголеми отколку од извозот на гас во историјата на модерна Русија, се случува првпат, бидејќи извозот на гас традиционално носело поголеми приходи од продажбата на златото.

    Во услови на пандемија со коронакризата златото е како сигурно засолниште за капиталот .

    Побарувачката на злато ја крена цената од 1.800 долари за унца, што е на највисоко ниво од 2011 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично