ПОВЕЌЕ

    Животни совети од милјардерот кој е „десна рака“ на Бафет

    Време зa читање: 2 минути

    Чарли Менгер кој има 96 години,  е познат како „десна рака” на легендарниот инвеститор Ворен Бафет. Манџерoт е потпретседател на Беркшир Хатавеј на Бафет и има лично богатство од 1,7 милијарди долари согласно листата на „Форбс“.

    Тој е исто така претседател на „Daily Journal Corpration“ и е во одборот на малопродажниот гигант „Costco“.

    Според сите универзални критериуми, Менгер има долг и среќен живот. За време на еден настан во Лос Анџелес, тој беше запрашан како постигнал сè.

    “Тајната е толку едноставна, таа се состои од неколку едноставни совети”, вели милијардерот, цитиран од CNBC.

    Советите на Менгер:

    • Не завидувај.
    • Не трошете повеќе отколку што имате
    • Останете во добар дух дури и покрај проблемите
    • Комуницирајте со луѓе на кои можете да сметате
    • Прави тоа што треба.

    “Сите овие правила се многу банални, но тие се вистинити и го прават животот убав”, вели американецот.

    Како партнер на Бафет, Мангер е од Омаха, Небраска. Дипломирал право и работел како адвокат. Во 1959 година, кога имал 35 години, се запознал со Бафет и станале пријатели, а подоцна и колеги. Мангер е одговорен за многу успеси на „Беркшир Хатавеј“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично