ПОВЕЌЕ

    Живко Мукаетов за магазинот „The Region“: Успехот на „Алкалоид“ се базира на квалитетните производи и на вработените

    Време зa читање: 4 минути

    Во овие модерни времиња на брз проток на информации, луѓето не комуницираат со анонимни производи, туку градат односи со брендови во кои ги идентификуваат сопствените вредности. За да опстане еден бренд, мора постојано да ги исполнува дадените ветувања и да испорачува високо и постојано ниво на квалитет. Брендот не се создава преку ноќ, преку една маркетинг кампања; тоа бара време, трпение, инвестиции, многу напорна работа и паметна стратегија, вели генералниот директор и претедател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукатов во интервјуто дадено за магазинот „The Region“.

    „Алкалоид“ е претствен како фирма која расте и се развива од 1936 година, а денес е една од најдобрите и најпознатите компании во Северна Македонија, со речиси деветдецениска традиција, со брендови изградени од генерации вработени, со инвестиции во нови производи и технологии, која освојува нови пазари и има широка регионална соработка. А, Мукаетов нагласува дека континуираниот деловен успех и одржливиот развој на „Алкалоид“ се должи на квалитетот на производите и на вработените.

    За глобална присутност вели дека не е лесно да се биде извозно ориентирана компанија со седиште во Северна Македонија, „но ние издржавме на тој пат благодарение на нашите знаења, вештини и ресурси“. Така, сега „Алкалоид“ е присутен на сите континенти. „За да се успее во развиените земји, мора да се придржувате до принципите на добро владеење, да имате висок и постојан квалитет на производите и услугите и да бидете доволно конкурентни“, укажува Мукаетов.

    Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто:

    Извезувате повеќе од 70% од вашето производство. Србија е вашиот најголем извозен пазар каде пласирате 90% од вашите фармацевтски производи. Каде на друго место сте присутни?

    • Соработката на Алкалоид со мултинационални компании како Pfizer и Sanofi се протега пет децении наназад. Во 2005 година воспоставивме успешна соработка со американски компании специјализирани за производство на билни производи, како што се Aveda, Arbonne International, Swanson итн. Првата дозвола за продажба во ЕУ Ја добивме за Лизиноприл во 2007 година, а денес во ЕУ имаме над 950 дозволи за наши сопствени фармацевтски производи. Компанијата оттогаш постојано расте и до денес има постигнато петкратен раст, што воопшто не беше лесно.

    Северна Македонија е вашата матична земја, но имате и производствен капацитет во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и корпоративен правен тим во Загреб. Каков е вашиот став за соработката во регионот и пошироко?

    • Како потпретседател на Стопанската комора на Македонија и член на организацијата Млади светски лидери (Young Global Leaders), дел од Светскиот економски форум, можам со сигурност да констатирам дека регионалните синергии ги зајакнуваат бизнисите во регионот и пошироко. Тие не само што го поттикнуваат подобрувањето на деловната клима воопшто, туку помагаат и во отстранувањето на различните бариери, притоа придонесувајќи за одржливиот развој. Промовирање на билатерални врски, заеднички вредности, заемни интереси и заеднички став за тоа како да се држи чекор со светот, се дел од ставовите во моите почесни функции како генерален конзул на Данска и конзул на Норвешка во Северна Македонија што ги извршувам од 2007 и 2023 година.

    Речиси да нема дете во овој регион што не пораснало со вашиот бренд Becutan. Дали би се согласиле дека ова е еден од ретките брендови кои, и покрај конкуренцијата, со годините станал посилен?

    • Во однос на детската козметика, пазарот во регионот се чини дека е презаситен. Новите брендови доаѓаат и си одат, главно без да го исполнат тоа што го ветуваат. Нашиот познат бренд Becutan минатата година прослави 45 години од своето постоење. Од само пет производи во портфолиото на Becutan на почетокот, денес тоа содржи 60 видови производи со повеќе од 100 различни форми, сите клинички или дерматолошки тестирани и развиени во соработка со педијатри, неонатолози и дерматолози. Генерации пораснаа со овој бренд. Нема поголемо задоволство од тоа кога некој производ или бренд всушност станува дел од животот на луѓето.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично