ПОВЕЌЕ

    Живко Мукаетов повторно избран за претседател на УО на АЛКАЛОИД

    Време зa читање: 2 минути

    Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Надзорниот одбор донесе одлука за избор на членови на Управниот одбор, соопштија од АЛКАЛОИД АД Скопје. За членови на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје повторно се избрани: Живко Мукаетов, Милкица Глигорова, Ѓорѓи Јованов, Ќире Ицев и Виктор Стојчевски. Членовите на Управниот одбор се избрани за период од шест години сметано од 21.11.2022 година.

    Истовремено, се соопштuва од АЛКАЛОИД АД, Членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, се именува за Претседател на Управниот одбор на компанијата. Претседателот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје го застапува Друштвото во односите со трети лица, без ограничување, и носи назив Генерален директор. Во согласност со одредбите од Статутот на Друштвото, Управниот одбор е извршен орган, кој ги има клучните овластувања во управувањето со АЛКАЛОИД АД Скопје. Управниот одбор работи и го застапува Друштвото во рамките на своите овластувања определени со Статутот на Друштвото, како и со другите позитивни законски прописи.

    Во текот на последниот мандат на членовите на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во период од 6 години, вкупните консолидирани продажби на компанијата пораснаа за 80 милиони евра – од 127,6 милиони евра во 2015 година достигнаа 207,6 милиони евра во 2021 година. Инвестициите во основни средства во истиот период надминаа 105 милиони евра. Нето-добивката порасна речиси двојно – од 10,8 милиони евра во 2015 година, во 2021 година достигна 21,2 милиони евра, т. е. остварен е просечен годишен раст од 12 %.

    Горенаведените резултати овозможија континуиран раст на повратот на инвестицијата за акционерите, во форма на дивиденда. Во периодот од 2015 до 2021 година дивидендата имаше просечен пораст од 12 % годишно, односно од 207 денари нето-дивиденда од акција во 2015 година, во 2021 година достигна 396 денари, се наведува во соопштението на АЛКАЛОИД АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично