Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е сопственик на уште 200 обични акции од најголемата и најуспешна македонска фармацевтска компанија.
За промената на сопственоста на член на Управниот одбор и лица со посебни одговорности и овластувања, од „Алкалоид“ ја информираат инвеститорската јавност преку објава на Македонска берза.
Во информацијата категоризирана како ценовно чувствителна, е наведено:
„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 200 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“.
Во деловниот свет ваквите пораки сигнализираат дека се работи за стабилна и просперитетна фирма.
За потсетување, во првата половина од годинава „Алкалоид“ оствари приходи од 105 милиони евра; консолидирана добивка од 12,5 милиони евра; 71 отсто од продажбата е на странски пазари; инвестиции над 15 милиони евра.
Акциите на скопски „Алкалоид“ се меѓу најатрактивните за тргување на Македонска берза.