Алкалоид АД Скопје, преку Македонска берза известува дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје.
Само за потсетување, лани, во два наврати Мукаетов купи вкупно 470 акции.
Г-дин Мукаетов, во континуитет вложува во акции во Алкалоид, и тоа е позитивна корпоративна пракса.