ПОВЕЌЕ

    Жито Полог Тетово во поголем минус: Загубата надмина половина милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Тетовскиот Жито Полог има квалитетни производи, но намалена продажба и негативен финансиски резултат од работењето во трите годинешни квартали. Во споредба со истиот минатогодишен период со негатива од 442 илјади евра, загубата е продлабочена и достигнува 526,8 илјади евра.

    Во текот на деветте месеци остварени се единечни вкупни приходи од близу 2,1 милион евра. За една година бележат пад од 30 отсто. Носител на приливите со високи 97 проценти е продажбата на производи и услуги, каде што има потфрлање за 28 отсто, при што се обезбедени 2,01 милион евра (2,8 милиони евра – лани).

    Во тие рамки, на домашниот пазар приходите опаднале за 19 отсто и се во износ од безмалку два милиони евра. За речиси 93 отсто е намален приходот што доаѓа од странски пазар, или од 358,2 илјади (септември 2024) на 26,8 илјади евра.

    За поволна околност може да се смета падот од 22 отсто забележан на страната од трошоците. Единечните вкупни расходи изнесуваат 2,56 милиони евра.

    Жито Полог има и долг од приближно 1,5 милиони евра на име кредити и финански лизинг. Од минатиот септември зголемен за 11 насто.

    „Друштвото прави напори за подобрување на финасиските резултати и одржување на ликвидноста. Во наредниот период ќе бидат преземени активности со цел изнаоѓање на нови пазари, подобрување на квалитетот и асортиманот на производите“, посочуваат од тетовската мелничко-пекарска компанија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично