ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Зголемувањето на цената на биткоинот се должи на пензиските фондови

      Време зa читање: 2 минути

      Големите институционални инвеститори од другата страна на Атлантикот се повеќе инвестираат во криптовалути.

      Пред три години, порастот на цената на биткоинот беше стимулиран од интересот на ентузијастите. Сепак, на многу инвеститори им беше јасно дека растот е делумно поврзан со одредени манипулации. Во такви околности, интересот за инвестирање во биткоини се намали по привремената лудост, а на почетокот на 2018 година цената на биткоинот нагло падна.

      Во изминатите три години, многу се сменија на пазарот на криптовалути. Во повеќето земји, сега постои некаква форма на регулирање на пазарот на биткоин и на криптовалутите. Исто така, се појавија регулирани и лиценцирани инвестициски фондови кои им овозможуваат на професионалните инвеститори да инвестираат на начинот на кој се навикнати, во финансиски инструменти, наместо директно во основните средства.

      Ова резултираше со силен интерес на традиционалните финансиски институции и инвеститори за биткоини. Пред четири години, извршниот директор на JPMorgan, најголемата банка во светот, гласно истакна дека биткоинот е измама (подоцна се покаја за тоа), а потоа во мај 2020 година, истиот JPMorgan отвори сметки во менувачниците на биткоини. 

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично