Цените на земјоделските производи во мај бележат значително годишно зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на растителното производство се повисоки за 12,7, додека кај добиточното производството зголемувањето изнесува 7,6 насто.
Најголем раст е забележан кај зеленчукот, каде што цените се повисоки за 22,8 процнети. Или, граѓаните денес плаќаат речиси четвртина повеќе за доматите, пиперките, краставиците. Овошјето е поскапено за 3,3 насто, а индустриските растенија, меѓу кои тутунот и сончогледот, бележат пораст од 12,6 насто. Покрај тоа, значително е зголемена и цената на виното – за 15,2 процнети.
Нема промени само кај житата и оризот. Единственот поевтинување е регистрирано кај компирот, чии цени во едногодишниот период се намалени за 9,4 отсто.
Овие податоци потврдуваат дека цените на аутпутите – односно на производите што се продаваат – се зголемени за 11 проценти во споредба со мај 2024 година. Од друга страна, инпутите – односно трошоците што ги имаат земјоделците – имаат понизок раст, за 2,1 процент.
Во делот на трошоците, тековно потрошените средства во земјоделството се зголемени за 1,6, а инвестициите за 7,6 насто. Особено се издвојуваат цените на ветеринарните услуги, кои за една година се зголемиле за дури 35 насто. Од друга страна, енергијата, горивата и мазивата поевтиниле за 7,7, а цените на семињата се намалени за 0,75 отсто. Минералните ѓубрива останале на истото ниво како лани.