Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ открива дека интерес за финансирање на брзата железница пројавиле уште две нови банки. Ова ја проширува мрежата на финансиска поддршка за еден од најголемите инфраструктурни проекти во државава. Министерката објаснува кои се новите институции и како тече процесот.
„22 банки добија барање да дадат понуда, дополнително имаше интерес за уште две банки, станаа вкупно 24 и тоа се банки кои што во следниот период ќе достават понуди, нормално на располагање им стоиме на сите тие банки во делот доколку имаат потреба.
22 плус 2, 24. Кои се тие двете нови?
Двете нови се Љубљанска НЛБ Банка, која што сака да настапи како конзорциум, барем таков интерес пројавија. Нели дали ќе пуштат понуда, ние до крајот не знаеме, но бараа да доставиме барање за понуда. И уште една банка од Дубаи, исто и со тие банки сме имале соработка и во изминатиот период.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.