Во услови кога енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија се сѐ поважен дел од одржливото функционирање на бизнисите, малите и средните претпријатија добиваат нова можност за финансирање преку кредитната линија за зелена енергија – GFF Македонија.
Станува збор за иницијатива поддржана од Комерцијална банка, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со вкупен фонд од 4 милиони евра, наменет за поддршка на инвестиции во:
- обновливи извори на енергија,
- проекти за енергетска ефикасност,
- зелени технологии.
Оваа кредитна линија е дел од Зелениот финансиски фонд (Green Finance Facility), а зад неа стојат и УНДП, Заедничкиот фонд за одржлив развој на ОН (SDG фонд) и Владата на Северна Македонија.
До 1 милион евра кредит со рок до 10 години
GFF кредитната линија е дизајнирана за малите и средни претпријатија што размислуваат долгорочно и што сакаат да го намалат својот енергетски трошок, да ја зголемат ефикасноста и истовремено да придонесат кон заштита на животната средина. Финансиските услови се атрактивни – се нудат кредити до 1.000.000 евра со рок на отплата до 10 години.
Дополнително, компаниите добиваат:
- поврат на инвестиција,
- бесплатна техничка поддршка од консултанти,
- индивидуализирани финансиски решенија, креирани според нивните потреби.
Одржливост како конкурентска предност
Од Комерцијална банка потенцираат дека инвестициите во енергетска ефикасност не се само финансиска добивка, туку и порака за вредностите што ги негува компанијата – одговорност, современост и визија за одржлив раст.
„Ова е паметен чекор напред за секоја компанија што сака да ја зголеми својата конкурентност и да го модернизира своето работење во склад со европските зелени стандарди,“ наведуваат од банката.
Повеќе информации за GFF кредитната линија се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.