ПОВЕЌЕ

    Новиот „Зелен договор“ на Сеул ги порасна акциите на Хјундаи за осум отсто

    Време зa читање: < 1 минутa

    Раст на акциите на компанијата „Хјундаи Мотор“ за речиси 8,0 проценти, на само еден ден откако Јужна Кореја објави „нов зелен договор“ со цел поттикнување на употребата на еколошки возила.

    Потпишувањето на овој договор ги „порасна“ и акциите на другите производители на автомобили во Јужна Кореја, при што партнерот на „Хјундаи“ – „Киа Моторс“ забележа раст за 4,1 процент, а „Хјундаи Мобис“ за 3,3 проценти.

    Џуисун Цунг,Првиот човек на групата „Хјундаи“,изјави дека „Хјундаи мотор“ и „Киа моторс“ планираат да продадат еден милион електрични возила на батериски погон до 2025 година и дека заедно се насочени кон удел од над 10 проценти на глобалниот пазар на овие автомобили. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично