ПОВЕЌЕ

    Започнува втората сезона „Растеме во шампиони 2.0“ на НЛБ Банка и „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“

    Време зa читање: 4 минути

    Викендов во Радовиш со дводневен забавно-спортски настан беше одбележан почетокот на новата сезона на проектот „Растеме во шампиони 2.0“ кој НЛБ Банка втора година по ред го реализира во соработка со организацијата „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“. Проектот е дел од иницијативата на НЛБ Групацијата за развој на младински спорт, кој има за цел да ги поддржи локалните спортски клубови, да го промовира спортот меѓу децата, да ја поттикне нивната љубов кон физичката активност, спортскиот дух, но и да ги здружи и зближи без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус. 

    Настанот во Радовиш го отворија претставници од НЛБ Банка и градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов, а свое учество земаа и истакнати спортисти од регионот – членовите на ФК „Детонит Плачковица“ и РК „Радовиш“, спортски работници, директори и наставници од основните училишта и голем број граѓани кои со задоволство го проследија ова спортско дефиле.

    Младинскиот спорт е од особено значење за НЛБ Групацијата, навистина сме горди на овој  проект, кој поради големиот успех минатата година, го продолжуваме и надградуваме годинава. Веруваме ќе успееме да го прoмовираме спортот и да поддржиме што повеќе спортски клубови ширум земјата, особено оние локалните кои најчесто работат со голема љубов и посветеност, а со минимални ресурси. Како општествено одговорна компанија наша должност е да ги истакнеме придобивките на спортот и воопшто физичката активност кај децата и младите, затоа што веруваме дека здравите животни навики се основен предуслов за создавање здрави генерации.“ – истакнуваат од НЛБ Банка и додаваат дека годинава е предвидено опремата која ќе се користи за реализација на настаните комплетно да се донира на локални спортски клубови.

    „Растеме во шампиони 2.0“ до крајот на годината ќе се реализира во повеќе градови низ државата. На секој настан ќе бидат вклучени деца на возраст од 6 до12 години, со кои ќе работат тренери-наставници, млади асистенти, а во својство на амбасадори, и наши познати спортисти. На настаните ќе се реализираат забавни спортски игри: штафета, разни игри со топка, скокање на јаже, хулахоп, вежби за координација и др.

    Нè радува фактот што втората сезона на „Растеме во шамиони 2.0“ ја започнуваме постолимписки, додека сè уште сме под силни импресии на олимписките игри во Париз. Токму духот на олимпизмот и големината на спортот сакаме да им ја пренесеме на децата, да им ја всадиме љубовта кон проефисоналниот и рекреативниот спорт и што е најважно, да ги оттргнеме од виртуелниот свет и да ги вратиме во спортските сали и на спортските терени. Ние сме уверени дека вклучувањето во спортот не само што го подобрува физичкото здравје, туку и учи на вредни животни вештини – тимска работа, дисциплина и издржливост, решителност и извонредност. Поттикнувањето на децата да вежбаат го поттикнува холистичкиот развој и ги поставува на пат кон успех и на теренот и надвор од него.“ – истакнаа од Отворени забавни фудбалски школи Македонија.

    За потсетување, со првата сезона на „Растеме во шампиони“ минатата година беа опфатени 10 града ширум земјата, 42 основни училишта, повеќе од 1000 деца – момчиња и девојчиња со кои работеа над 40 тренери и едукатори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично