ПОВЕЌЕ

    „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво – 5.000 садници во Берово

    Време зa читање: 2 минути

    Кампањата „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво со нова акција – пошумување на површина од два хектари во Беровско, со пет илјади садници.

    Во пределот Малешево, кој во 2021 година беше зафате со пожари, се засадија зимзелени дрвја, односно црн бор. Акцијата е реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“. Ова е трета, по успешно финализираните две претходни акции.

    Првата акција со пошумување се одржа во 2021 во Пезово, Кумановско, со озеленување на предел од еден хектар сиромашна и сува почва. Лани, пак, во кочанско Бели беше озеленета површина, исто така од еден хектар. И овој предел беше еден од најпогодените во големите шумски пожари што се случија летото 2021 година.

    „Грижата за здравата животна средина е тема која е од заеднички интерес на сите нас, нешто кон кое сите ние имаме одговорност за подобра иднина. Кампањата под слоганот ’Замени и засади‘ е нешто што ќе остане, традиција која сакаме да ја негуваме и секоја година да придонесуваме со сè поголем број вакви активности кои се од општествено одговорен карактер. Веруваме дека иднината е резултат на чекорите кои ги преземаме денес. Особена чест и гордост ни претставува тоа што нашето членство ја препознава нашата мисија и секоја година се приклучува во акцијата во сѐ поголем број. Секако, вреди да ја споменеме и поддршката во акцијата од страна на нашата деловна мрежа на Комерцијална банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје“, велат од КБ Прво пензиско друштво.

    КБ Прво, одбележувајќи ги Деновите на финансиска писменост, а воедно и како дел од својата кампања за грижа на животната средина, ги повикува сите членови да дадат придонес за подобра животна средина, да направат промена и да се регистрираат за добивање на својот годишен извештај во електронска форма.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично