ПОВЕЌЕ

    „ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ КОЈ Е УСТАВ ЗА ТРУДОТ, до крајот на 2026 година“ – Марјан Ристески во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Новиот Закон за работни односи е една од главните цели оваа година, рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во поткастот „Каде се парите?“. Сегашниот закон е стар над 20 години и не ги опфаќа современите форми на работа – работа од дома, работа од далечина, дигитални платформи и флексибилно работно време. Според Ристески, новото решение ќе направи баланс: целосна заштита на работниците, но и поголема флексибилност за работодавачите. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината може да се постигне договор со социјалните партнери.

    „Јас ве уверувам дека оваа година една од главните цели ќе биде Законот за работни односи, како Устав во работните односи. Многу голем и сложен Закон, меѓутоа не е тежок да се донесе. Во тој Закон повторно учествуваат нашите социјални партнери, има одредени недоразбирања, тука се и синдикатите и работодавачите. Ние треба да направиме реален закон кој што ќе овозможи две многу битни работи. Првата работа, по сите меѓународни прописи и права, ќе овозможи потполно почитување на правата на работниците и нивна заштита. И од друга страна, второто, ќе даде поголема флексибилност во работењето на работодавачите…“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично