ПОВЕЌЕ

    ЗАКАНИ ЗА ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ССК: ,,Биди паметна дај си отказ, ако не ќе ве масакрираме”

    Време зa читање: 2 минути

    ,,Биди паметна дај си отказ, ако не ќе ве масакрираме”. Вакви зборови во заканувачка порака која претходела на опожарениот автомобил стигнувале до извршната директорка на Сојузот на стопански комори (ССК), Христина Стојановиќ. Пораката содржела и рок до кога директорката требало да даде отказ или ќе се соочи со последици.

    Раководството на ССК денеска алмарираше дека е под сериозен притисок и закани по живот. Кормилото во бизнис комората по изборот на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје го презеде угледниот бизнисмен, Трајан Ангелоски. Тој вели дека освен што бил запален автомобилот на извршната директорка, добивале и писма и јавувања со смртни закани за нив и за нивниот имот.

    – Втор месец добивам закани кои на никој начин не се испровоцирани, а кои изминатите денови беа експлицитно извршени врз извршната директорка. Изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна релација со претходното писмо каде на експлицитен начин се дадени рокови, ултиматиуми како треба да се однесува и да постапи на одредени лица кои го упатиле ова писмо, вели претседателот на ССК, Ангелоски.

    Заканувачите барале раководството на ССК да си поднесе оставка. Ангелоски се сомнева дека заканите доаѓаат од структури кои се внатре или кои не се веќе во Сојузот.

    Заканите се пријавени во Министерството за внатрешни работи, а истрагата е во тек.

    Редакција Пари

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично