ПОВЕЌЕ

    ЗАБРАНА ЗА ТРГОВЦИТЕ: Нема акции и промоции за прехранбените и земјоделските производи

    Време зa читање: 1 минутa

    На трговците им се забранува да ги нудат на акциска и на промотивна продажба прехранбените и земјоделските производи. Одлуката, која е со важност до 30 ноември, е донесена на владина седница, а по предлог на Министерството за економија.

    Одлуката не ги опфаќа алкохолните и безалкохолните пијалаци.

    „Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки“, наведено е во владиното соопштение.

    Со оваа одлука ќе се намалат можните манипулации при ваквиот вид на продажба. Исто така, ќе се намали и ќе се спречи нарушувањето на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

    „Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година“, посочуваат од Владата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично