ПОВЕЌЕ

    Забрана за посвојување во Русија за земјите што дозволуваат родова транзиција

    Време зa читање: 2 минути

    Пратениците на руската Државна дума, законодавната власт на земјата која се состои од 450 членови, го усвоија нацрт-закон за забрана на посвојување деца од Руската Федерација од страна на граѓани во земјите каде што е дозволено промената на полот, нагласувајќи ја потребата од зачувување на „традиционалните вредности“. Предлог-законот беше одобрен со апсолутно мнозинство од членовите на Државната дума во првото читање, а сега ќе стане закон.

    Претседателот на Државната Дума, Вјачеслав Володин, кој го предложи нацрт-законот, разговараше за образложението зад нацрт-законот:

    -Оваа одлука е насочена кон заштита на детството и традиционалните вредности. Апсолутно мнозинство од пратениците на Државната дума го поддржа усвојувањето на оваа иницијатива. Неопходно е да ги заштитиме нашите деца од заканите со кои може да се соочат кога ќе бидат посвоени или под старателство од државјани на странски земји каде што промената на полот е легална – вели Володин.

    Оваа забрана за посвојување доаѓа само една година откако руските пратеници усвоија закон со кој се забрануваат операции за потврдување на полот на трансродовите лица во земјата. Нацрт-законот им забранува на трансродовите лица да примаат хормонска терапија, менување на полот во официјалната руска документација и им забранува на сите кои веќе преминале да посвојуваат деца. Исто така, ги поништи браковите на трансродовите поединци.

    Според Володин, западните закони за децата се трагедија. „Во Австралија, тие предлагаат да им се дозволи на малолетниците на возраст од три и повеќе години сами да го изберат својот родов идентитет. Во десет европски земји нема ограничувања за возраст за легална промена на полот (во Австрија, Естонија, Германија, Исланд, Италија, Луксембург, Малта, Норвешка, Словенија, Швајцарија, уште осум европски земји поставија минимална возраст за малолетници (на пример, во Шпанија – од 12-годишна возраст, во Белгија – од 16-годишна возраст)“, истакна тој.

    Тој објасни дека во САД, на децата на возраст од шест им се дава хормонска терапија, а на дванаесет години може да имаат операција за промена на полот. „Во Русија е забранета пропаганда на нетрадиционални сексуални односи и операции за промена на полот – додаде Володин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично