ПОВЕЌЕ

    За живот во ноември потребни минимум 65.173 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ноемвриските трошоци на просечно четиричлено семејство изнесувале 65.173 денари. Пониски се за 371 денар споредено со октомври. Тогашната минималната синдикална кошница тежеше 65.544 денари.

    Тоа е пресметката за семејства кои имаат свој дом. Тие што живеат во изнајмен стан од 60 метри квадратни, имаат за плаќање дополнителни износи. Во тој случај, според Сојузот на синдикатите на Македонија, кошницата чини 80.548 денари.

    Најголемата ставка, која зафаќа 36,1 отсто од семејниот буџет е храната и пијалаците. Во најосновната варијанта, задоволувањето на тие потреби во ноември изнесува 23.534 денари.

    За образование се потрошени 7.159 денари (11 %). Сметките кои ги опфаќаат станарината, искористените количини вода и струја, како и греењето се вкупно 6.130 денари и претставуваат 9,4 проценти од давачките. Следуваат облеката и обувките со 5.731 денар (8,8 %).

    Пред една година, пак, ноемвриската синдикална кошница имала вредност од 62.021 денар. Или, во тој период поскапела за 3.152 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично