ПОВЕЌЕ

    За старт и за формализирање на бизнис – од 7.000 до 10.000 евра: Се аплицира до 20 јуни

    Време зa читање: 2 минути

    Со грантови од 430.500 до 615.000 денари Владата ќе инвестира во бизнис потенцијалот на граѓаните, ќе ја зголемува вработеност и ќе ја развива економијата, соопшти министерот за економија. Предвидени се седум илјади евра за граѓаните со над 29 години и десет илјади евра за младите до 29-годишна возраст. За лицата со попреченост се одредени дополнителни средства – до 250.000 денари над основниот грант. Ова се мерките содржани во Јавниот повик од годинешниот Оперативен план за вработување. Наменети се за невработените лица кои имаат план и намера да започнат сопствен бизнис. Рокот за аплцирање е 20 јуни.

    Право да конкурираат за овие средства имаат невработените од евиденцијата на Агенцијата за вработување, жените од руралните средини, како и жртвите на семејно насилство. Потоа, корисниците на гарантирана минимална помош и лицата со попреченост. Владата таа можност им ја дава и на повратниците од странство. Но, и граѓаните кои сакаат да ја формализираат својата дејност. Што претпоставува дека им се подава рака – од сивата неформална, да преминат во формалната легална зона.

    Исто така, овие мерки вклучуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство. Целта е освен финансиската поддршка, апликантите да добијат и знаење и насоки за успешно водење на бизнисот.

    Нашата цел е да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можности за вработување и развој“, посочи на денешната прес-конференција министерот за економија, Бесар Дурмиши.

    Јавниот повик не се однесува на дел од земјоделските активности, на такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при вработување. Но, според Дурмиши, за жените од руралните средини и за лицата со попреченост постојат одредени исклучоци, согласно актуелната

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично