Матеа има 17 години и се доближува до најголемиот предизвик во животот, да се запише на факултет за применета биохемија во Германија. Знае дека за да успее во тоа и треба многу знаење и среќа, но и голема поддршка од родителите.
Нејзините родители, исто така го живеат сонот на Матеа затоа што веруваат во неа и во нејзината желба да успее. А, сонот на Матеа растеше заедно со неа додека го минуваше денот со играчките, додека ги учеше првите букви и бројки, се мачеше со првите хемиски елементи и формули и уживаше да чита за големите научници.
Низ тие игри и во собата полна со играчки Матеа и нејзините родители научиле и една нова, но многу вредна лекција. Се започнало со желбата на Матеа за 7-ми роденден да добие голема куќа за кукли – играчка што чинела повеќе отколку што нејзините родители можеле да си дозволат. Се договориле да штедат заедно и да ја купат куќата кога ќе ги соберат парите. Кога ја добила играчката, Матеа била и горда затоа што дала и свој придонес.
Оваа детска игра станала и почетна лекција за нешто многу поголемо? Ако можеме да штедиме за играчки, зошто да не штедиме и за поважни работи? Токму оваа мисла ги натерала родителите на Матеа да почнат да штедат и за нејзиното образование, за првиот самостоен чекор, за живот со повеќе можности за нивното дете и со помалку грижи за нив.
Со детското осигурување со штедење Касичка на Триглав Осигурување Живот добиле финансиско решение што им обезбедува финансиска сигурност и животна поддршка за Матеа. Тие создавале безбедна финансиска поддршка за неа, чекор по чекор, слично како што Матеа ја полнела својата касичка.
„Касичката“ на родителите на Матеа не е само за желби, туку за сигурност. Ако некогаш се случи нешто неочекувано, знаеле дека таа ќе има заштита. А ако сè оди по планот, ќе добие силен старт за нејзиниот сон да стане повеќе од реалност.
Како Касичка – Детско осигурување со штедење се грижи за иднината на вашите деца?
- Претставува комбинација на штедење и осигурување – по истек на договорениот осигурителниот период, децата ги добиваат средствата во висина што е договорена при склучување на полисата
- Обезбедува полиса за животно осигурување – децата низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.
- Може да се осигурат деца на возраст до 15 години – периодот за истек на договорот за осигурување трае до истекот на календарската година во која детето полни 26 години.
- Во случај на несакан штетен настан (смрт на договорувачот на осигурувањето) по изминати две години од склучување на договорот обврската за уплата на идните премии за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.
Затоа Касичка – Детското осигурување со штедење не е само полиса, туку и начин да се инвестира во образованието, талентот и во иднината на вашите деца. Овој производ расте заедно со соништата на вашите деца и им обезбедува финансиска поддршка кога ќе им биде најпотребна.
Куќата за кукли на Матеа, нејзината силна желба и трпение да штеди нека бидат само еден убав потсетник дека на вашите деца може да им обезбедите и повеќе од една скапа роденденска играчка. Детското осигурување со штедење е начин да инвестирате во иднината на вашите деца и да им обезбедите подарок за роденден кој трае подолго од играчка. Со секоја уплата во штедното осигурување на вашите деца им праќате порака дека верувате во нив и дека ќе ги поддржите кога ќе бидат подготвени да зачекорат во светот на возрасните.