ПОВЕЌЕ

    За разлика од парите, ова е отпорно на инфлација

    Време зa читање: 2 минути

    Инфлацијата го наплаќа својот данок врз американската и светската економија, од гас до храна се бележи силен раст на цените. Поединците можат малку да направат за да ја избегнат инфлацијата, но извршниот директор на Berkshire Hathaway и легендарен инвеститор Ворен Бафет вели дека луѓето можат да направат одредени потези за да се заштитат од нејзините ефекти, пишува CNBC.

    Говорејќи на годишното собрание на акционери на Беркшир Хатавеј, Бафет го повтори својот долгогодишен совет дека една од најсилните заштитни мерки против инфлацијата е да ги усовршите своите вештини и да работите да бидете на врвот на својата област.

    „Најдоброто нешто што можете да го направите е да бидете исклучително добри во нешто“, вели 91-годишникот.

    Наведувајќи ги професиите како лекари и адвокати како пример, тој додаде дека „луѓето ќе дадат нешто од она што го произведуваат во замена за она што ќе им го доставувате“.

    Бафет додаде дека вештините, за разлика од валутата, се отпорни на инфлација.

    „Ако ја имате вештина што се бара, таа ќе остане барана без разлика колку вреди доларот. Какви и да имаш способности не можат да ти се одземат“, рече тој и посочи дека тоа е убедливо најдобрата инвестиција во она што овозможува развој и дека тоа е инвестиција која воопшто не се оданочува.

    Советите се слични на она што Бафет го сподели во 2009 година на крајот на Големата рецесија, кога како 78-годишник рече „најдоброто нешто што можете да го направите е да инвестирате во себе“. Во тоа време, Бафет исто така рече дека следното најдобро нешто што човек може да го направи е да инвестира во „прекрасен бизнис“ кој произведува производи кои се барани без оглед на ефектот на доларот. Тој го зеде примерот на компанија како Кола-Кола, велејќи дека луѓето ќе продолжат да го купуваат својот омилен газиран пијалок во наредните децении, а инфлацијата не игра никаква улога во нивната одлука.

    „Не е важно која е цената во моментот“, рече Бафет, истакнувајќи дека луѓето ќе продолжат да плаќаат за производите што им се допаѓаат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично